top of page

Доста само преживуваш: Да се обидеме нешто ново оваа година!

Writer's picture: Ivana LekicIvana Lekic

Зошто животот ми се чини како само преживување? Чувството, дојде полека, речиси незабележливо. Но, како што минуваат годините, почна да зазема сериозен замав, како незапирлива сила. И како да балансираш на тенко јаже над амбисот—никогаш не паѓаш, но и никогаш не си стабилен. Се нешто висиш, постојано страдаш, постојано си во исчекување на момент на олеснување кој никогаш не доаѓа.


Уште еден ден, уште една недела, уште еден месец. Пред да се свестиш, годините поминуваат, а ти само чекаш—чекаш страдањето да се намали, животот да добие форма, душата да се смири, телото конечно да издише. Но, тоа недостижно „нешто“ никогаш не пристигнува.


И тогаш сфаќаш: тоа не може никогаш да пристигне, бидејќи е веќе тука. Отсекогаш било тука. Вткаено во твоето битие. Секогаш со тебе, дел од тебе, тоа е ти. Но, постојано го потиснуваш, го туркаш надолу, го игнорираш, и најлошо од сè, го негираш. Сите неискажани зборови, неизживеани шанси, неприфатени чувства, неистражени авантури. Сите потиснати соништа и замолчени идеи.


И бидејќи не можеле да излезат, се внурнале во тебе. Таа моќна енергија, почнува да ги полни твојот стомак, твојот црн дроб, твоето срце, твојот мозок, секој твој орган. Притисокот расте, расте, расте и конечно...БУМ! - Имплозија!


И што тогаш се случува? Анксиозноста цврсто те зграпчува. Бессоните ноќи сега се твоето нормално. Депресијата виснува над твоите денови како црн облак. Телото се бунтува: метаболизмот се успорува, срцето забрзано чука, стомакот се превртува. Прекумерна тежина, инсулинска резистенција, метаболен синдром, срцеви заболувања, дигестивни проблеми… ма што ќе ти текне, сè се појавува, се вкоренува во сиот хаос.


Тежината на непроцесирана болка, игнорирани вистини и задушени соништа не само што останува, туку и се манифестира. Те проголтува.


Престани да ги туркаш надолу. Престани да се преправаш дека не постојат. Престани да се обидуваш да ги контролираш. Престани да ги негираш. Еј престани!!!


И диши... А сега дозволи им да излезат и да си поиграат. Не се обидувај да го промениш тоа што си, туку дозволи си да бидеш тоа што отсекогаш си.


Кажи ја својата вистина, живеј ги своите вредности, почитувај ги своите соништа.


Што е најлошото што може да се случи?


Ќе почувствуваш болка? Веќе ја живееш, страдајќи постојано. Па зошто да не пробаш нешто ново?

 


56 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page