top of page
Web site 10.png

Промената започнува со подготвеност

Вистинска промена ретко се случува само поради желба. 

Потребни се присутност, одговороност, конзистентно постапување и разбирање на длабоко вкоренатите обрасци зад секое однесување.

Мојот пристап

Директен. Практичен. Човечен.

Спој на структура и емпатичност, стратегија со човечност.  

Очекувај искреност, длабочина и чувство на движење.

ДИРЕКТНИ

РАЗГОВОРИ

ИНДИВИДУАЛЕН

ПРИСТАП

ПРАКТИЧНИ

АЛАТКИ

СВЕСНОСТ ЗА ЕМОЦИИТЕ

ДОСЛЕДНОСТ

И АКЦИЈА

Искрен и директен — без бели ракавици и без избегнување на тешките разговори.

Ти си уникатно битие. Пристапот се прилагодува на тебе, твојата ситуација и твојата реалност.

Едноставни и ефективни алатки применливи веднаш во твоето секојдневие. 

Заедно го откриваме твоето „зошто“ зад твоите обрасци на однесување и реакции.

Осознавање е само почетокот. Само со акција се случува промена.

Стратешка интервенција 

Филозофијата зад работата

Мојата работа се заснова на методологијата Стратешка Интервенција — пристап кој комбинира психологија, обрасци на однесување, емоционална свесност, одговорност и практична акција.

Во својата суштина, овој пристап се темели на верувањето дека луѓето не се трајно заробени од своите околности, емоции или минати искуства. Секогаш постои простор за свесност, поинаква перспектива, избор и нов начин на движење напред.

Но, јасноста сама по себе ретко е доволна. Вистинскиот раст бара и лична одговорност, конзистентност и подготвеност да се продолжи, дури и кога мотивацијата ќе почне да паѓа.

Пред да започнеме...

Ќе ти кажам искрено.

Растот — личен или професионален — бара искреност, одговорност, конзистентност и подготвеност ситуациите да ги погледнеш јасно, дури и кога тоа е непријатно.

Понекогаш ќе ти треба поддршка. Понекогаш перспектива.

Понекогаш структура, доследност или едноставно некој што е подготвен да ги постави тешките прашања.

Тука доаѓам јас.

Ќе те поддржувам, ќе те предизвикам кога е потребно, ќе ти помогнам да останеш во целосна усогласеност со целите и насоката што ја избра и ќе продолжам да бидам тука за тебе. И тоа во моментите кога ентузијазмот ќе почне да паѓа. Тогаш започнува вистинската работа.

 

А, јас не се откажувам. Добро, освен од пушење.

Ама и од тоа не се откажав.

Едноставно - престанав.

​Замисли ме како твои помошни тркала - сè додека не се осигуриш дека самостојно можеш да продолжиш да возиш по избраниот пат.

Web site 18.png
bottom of page