Ќе си ја прашам - Да ја запознаеме вистинската ти!
пет., 01 ное.
|Скопје
Драги дами, да ја завршиме долгата и стресна недела во пријатна и поддржувачка средина со првата групна сесија „Ќе си ја прашам“. Фокусот ќе биде на запознавање на вашето вистинско јас, преку охрабрување да ги изразите вашите желби, да ги разберете вашите потреби, да ја споделите вашата болка и фрустрација, да ги прифатите вашите стравови!


Време и локација
01 ное. 2024 г., во 18:30 – 20:30
Скопје, Лазар Трповски 30/3-1, Скопје 1000, Република Северна Македонија
Детали за настанот
Ве поканувам на првиот циклус групни сесии „Ќе си ја прашам“ кои ќе се одвиваат во текот на ноември, 2024 година.
Зошто:
Отклучете ја вашата женствена енергија преку суштинско разбирање за вашите потреби и влезете во штим со вашето тело, негувајќи самопочит и зајакнувајќи ја својата самодоверба. Женската сексуалност е извор на неверојатна моќ која треба да ја искористите до максимум за да стенете главниот креатор на ваштиот живот.
Слободно можете да ги изразите вашите желби, да ги разберете вашите потреби, да ја споделите вашата болка, да пролеете солзи и да се изнасмеете од се срце. Ќе можете да се опуштите од сите улоги што ги играте и да стапите во контакт со себе.
Како:
Првиот циклус од групните сесии на „Ќе си ја прашам“ ќе се одржува секој петок, почнувајќи од 1ви ноември. Сите 4 сесии ќе бидат организирани како тематска работилница дизајнирана креативно да се нурне во вашето…