top of page

ПРИОРИТЕТИ: ако се ти е итно, значи ништо не е!

Updated: 6 days ago


Се надевам вежбата од минатата недела ти освести некои заспани делови и увиде дека немаш толку обврски колку што си замислуваше. Се надевам увиде дека ништо не треба или мора, а тоа што навистина се „мора“ и не е така тешко бидејќи има рок на траење – т.е. се додека не те одведе до тоа што ти го сакаш.

И сега откако заклучивме што сакаме да направиме, доаѓа следниот релевантен чекор во победа на инстант феноменот, а тоа е: приоретизација.

Ах, ќе речеш – ова го знам. Ова ми е јака страна. И ми се чини – на цел свет му е јака страна. Не знам дали и тебе ти се случило ова, ама јас немам видено едно CV на потенцијален кандидат за работа во кое не стои приоретизација како вештина. Секако, веднаш до „организација“ и „лидерство“. И ќе се вработи организираниов лидер со одлична приоретизација – и во првиот момент кога ќе добие повеќе од една задача: крах на системот.


Со ова сакам да ја потенцирам леснотијата со која се расфрламе со вештинава „приоретизација“, а од друга страна – преморот од работа и обврски, или како сега е модерно: „брнаут“, ни е секојдневие.


Не ги негирам ситуациите кои се вон твоја контрола. Пример: кога работодавачот свесно презема повеќе проекти отколку што реално може да се изведат. Не се зема предвид дека некој е на одмор, некој се разболел, и останавте двајца без тројца (од кои едниот е практикант), да сработите сè што било ветено на клиентот – „за вчера“.

Тука не станува збор за тоа дали некој може да направи приоритет и да се организира во времето што го има. Станува збор за вештината на велење „НЕ“. Но, за тоа – во некоја друга приказна.


И да не се правам многу паметна, сакам да знаете дека и јас сум имала такво CV и сум допринесувала во статистиката на ова секојдневие на “брнаут“ . Но, како дел од процесот на растење и развивање сум научила на потешкиот пат (преку искуство) која е тежината на овие зборови.


Приоритети – што е итно?

По дефиниција, приоретизирањето е процес на идентификување и распоредување на задачите, обврските или целите според нивната важност и итност. Целта е да го фокусираш времето, енергијата и ресурсите на она што ти носи најголема вредност или влијание во даден момент.


Уште од минатата недела увидовме дека те бива со списоците и листање на активностите. Но, да приоретизираш, значи многу повеќе од само да направиш листа на активности и да им наредиш бројчиња од еден до бескрај, со назнака ова ќе го направам прво, ова второ, ама се за денес. И ако, направи си ја ти листата, не ни помислувам да ти го одземам задоволството. Па и јас сум ти, и си правам вакви листи и списочиња. Но, што од тој список е навистина итно?


Кога пишував за инстант феноменот, еден од главните проблеми кој го посочив беше токму фактот што никогаш не се договоривме околу дефиницијата за итно. И, иако прифаќам дека за секоја средина дефиницијата може да се доприлагоди (дали е за личниот или професионалниот живот), сепак мислам дека следново е добра основа од која можеме да тргнеме.


Итна состојба претставува секоја ситуација, услов или настан што бара веднаш внимание и дејствување поради непосреден ризик од сериозни негативни последици, особено по:

  • Личното здравје или безбедност – физичката и менталната благосостојба

  • Здравјето или безбедноста на други лица – особено кога одложувањето може да предизвика штета на поединци или групи

  • Безбедноста на околината – вклучувајќи уништување на физичкиот имот, инфраструктура и еколошка штета или катастрофа

  • Oдржливоста – лична (на пр. психолошка издржливост, финансиска стабилност) и деловна (на пр. оперативен континуитет, законска усогласеност, интегритет и репутација)


Значи, се од списокот што ја исполнува оваа дефиниција може да го обележиш со итно, затоа што одложената реакција може да значи влошување на состојбата до степен на неповрат. Дополнително, колку повеќе ја одложуваш, ќе ти причинува уште поголем стрес како се доближува до многу веројатниот неповолен резултат и ете ти „брнаут“.


Ова ни беше важно за да избегнеме ситуации – пукнала главната одводна цевка, а ние бираме боја на пешкирчиња. Верувајте ми, сум преживеала безброј состаноци да кажам дека претходната реченица – не е драматизирање.


Приоритети – што е важно и кој ќе го прави?

Се останато од списокот, ќе го гледаш од аспект на тоа колку ти е ВАЖНО. Важните активности не се итни, но ти помагаат во остварување на долгорочните цели т.е. спречуваат состојбите да станат итни. За нив ќе ти треба добро разработен план за да ги искористиш најефикасно ресурсите кои ти се на располагање. 

Ова ќе бара од тебе да направиш храбар избор. Да одлучиш што ја заслужува твојата енергија, време и внимание, а што може да почека. Тоа не го прави помалку важно, само не е важно сега.


И сега главното прашање за кое искуствено знам дека треба најголема храброст, а тоа е дали може некој друг да ја заврши таа активност? Со ова влегуваме во една доста болна тема, и во личниот и деловниот свет – вештината на делегирање.


Делегирањето значи доверба, јасна комуникација и пуштање на контролата без да ја пуштиш одговорноста. Значи да имаш храброст да признаеш дека:

  • не си незаменлив/а,

  • тотална контрола е илузија, и

  • задачата не мора да биде завршена „совршено“ (по твоите стандарди), туку доволно добро за да има движење напред


И знам, веќе замина со мозокот накај - „Ама ако не го направам јас, нема да биде како што треба! Само јас можам да го сработам тоа најбрзо и најдобро“. И да речеме дека тиа е делумно точно. Ама има цена, нели? Познато ми е. Сум се залажувала и јас, а сум била залажувана и од околината. Го имам дијабетесот и високиот крвен притисок да посведочат за тоа. 


И што научив. Делегирањето не е слабост. Тоа е лидерство.


Историски гледано делегирањето го користеле и најмоќните императори и војсководци – никој не освојувал царства сам. Денес, добар менаџер знае дека ако не делегира – самиот си е најголемиот проблем. Истото важи и во домот. Ако не ги поделиш обврските со партнерот, со децата, со системи за поддршка (тука вклучувам и повикај пријател) – инстант „брноут“.


Задача за оваа недела

Погледни ја листата со активности и задачи ( за дома и за работа) кои одлучи дека сакаш да ги завршиш оваа недела.






 
 
 

Comments


Контакт 

Лазар Трповски бр.30/3-1
1000
​​
Тел: +389 (0)72 422 026
Е-пошта: ivana.bellek@gmail.com

  • LinkedIn
  • Facebook
  • Instagram

© 2024 од LekicKa. Сите права се задржани.

bottom of page