
Соработка со компании
Директна поддршка во реално време за менаџери и клучни позиции кои справуваат со комплексни ситуации и сносат голема одговорност.
Фокус на реални ситуации, практична поддршка, и појасни перспективи за моменти кога одлуките, комуникацијата и одговорностите стануваат премногу за само еден.

Кога дава најмногу вредност?
• При транзиција во нова менаџерска улога или зголемена одговорност
• При проблеми во комуникациајата, неусогласеност на тимот и нејасни очекувања
• Во ситуации за чие решавање се потребни тешки разговори и уште потешки одлуки
• Кога тензичната работна динамика почнува да влијае на одлуките и соработката
• Во услови на растечка комплексност на улогите, тимовите и воопшто одговорностите
Што добивате?
Стабилно работење
под притисок
Помалку нарушувања во тимот и испорака на резултати
Поквалитетно донесување одлуки
Намалена реактивност, поголема сигурност во постапките
Помалку конфликти
и тензии
Помалку ескалации, подобрена комуникација и соработка
Задржување на
клучни луѓе
Намален ризк од заминување и демотивираност од премор
Искористеност на
постојната структура
Подобрена координација без структурни промени
Зголемена
ефинаксност
Поефикасно одлучување и помалку повторување на ситуации
Вашиот придонес како општествено одговорна компанија
Со секоја соработка, придонесувате 10% во “ЛекичКа Про Боно” иницијативата.
Работејќи заедно, придонесувате кон професионално советување и економско воздигнување на лица од социјално ранливи категории - со фокус насо фокус на самохрани родители и лица со ограничен пристап до професионален развој и финансиска независност.
Да видиме каква поддршка би била најкорисна во вашата средина

